18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит во внимателно тргување

Раст на Волстрит во внимателно тргување

Wall Street Premarket

Цените на акциите во вторникот благо пораснаа на Волстрит, а тргувањето беше внимателно бидејќи се чекаат вести за натамошниот развој на состојбите во врска со грчката должничка криза.

Dow Jones зајакна 24 поени, или 0,13 отсто, на 18.144 поени, додека S&P 500 порасна за 0,06 отсто, на 2.124 поени, а Nasdaq се зголеми за 0,12 отсто, на рекордни 5.160 поени.

Меѓу најголемите добитници вчера беше енергетскиот сектор, со раст од 0,3 отсто, што се должи на успон на цените на нафтата за 1 отсто.

Тргувањето се одвиваше мирно бидејќи немаше нови вести за Грција. Се чека дали Грција и нејзините кредитори во наредните денови ќе постигнат договор за тоа кои реформи Атина би требало да ги спроведе за да добие нова транша кредит за да избегне банкрот.

Грција во понеделникот и достави на Европската комисија нов предлог за реформи кои претставуваат добра основа за постигнување на договор во оваа недела.

Доколку се постигне договор, Грција на време би добила нова транша кредит, со кој би можела да ги исплати меѓународните обврски кон крајот на јуни кога на наплата стигнува нов кредит од ММФ во износ од 1,6 милијарди евра.

Проблемот со Грција не е толку значаен за американските пазари, но има големо влијание врз курсевите на еврото и доларот и се уште е нејасно какво влијание би можел да има врз акциите. Се чини дека инвеститорите очекуваат позитивен развој на настаните, но мораат да бидат подготвени на се, бидејќи состојбата би можела да се промени секој час“, вели Стив Сосник, директор во компанијата Timber Hill/Interactive Brokers Group.

Во фокус на инвеститорите вчера се најде и јакнењето на курсот на доларот, бидејќи неговата висока вредност се смета за неповолна по американските акции со оглед дека поради тоа паѓаат приходите на американските мултинационални компании од странските пазари.

На внимателност на инвеститорите укажува скромниот обем на тргување. На американските берзи вчера беа истргувани 5,4 милијарди акции, додека просечниот дневен обем изнесува 6,17 милијарди акции.

И на европските берзи цените на акциите вчера проаснаа. Лондонски  FTSE зајакна 0,13 отсто, на 6.834 поени, франкфуртски DAX порасна за 0,72 отсто, на 11.542 поени, а париски CAC се зголеми за 1,18 отсто, на 5.057 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП