30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПродуцентите на „Игра на тронови“ не бараат да снимаат во Македонија

Продуцентите на „Игра на тронови“ не бараат да снимаат во Македонија

basevski 22

Големи светски продукции ќе снимаат во Македонија, но за хит-серијалот „Игра на тронови“ сé уште нема барање, потврди директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески, по информациите кои се појавија на некои портали.

„Официјално не знам дека воопшто продуцентите на таа серија се заинтересирани да дојдат во Македонија. Можеби постои некоја желба, но мислам дека сево ова произлезе од напис на некој локален веб-портал. Кога некоја странска продукција доаѓа да бара локации, вообичаено комуницира со некој од локалните продуценти кои ги познаваат сите локации низ Македонија. Се консултирав со сите колеги. Доаѓале за други филмови и серии, но за оваа серија никој не дошол официјално да побара такво нешто“, вели Башески, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата посветена на најавата на втората меѓународна работилница за продуценти, што ќе се одржува во Скопје.

Башески појасни дека во македонија ќе снимаат големи продукции од САД, Франција и Индија.

„Сигурно е дека голема француска продукција доаѓа во септември да снима голем француски филм. На почетокот на септември, со отворањето на Меѓународниот фестивал на филмската камера ‘Браќа Манаки’, најавено е доаѓањето на седум или осум големи продуценти од големи филмски студија од САД, ќе дојдат индиски продуценти заинтересирани да снимаат во Македонија, како и голем американски продуцент кој продуцирал филмови на Брајан де Палма“, прецизираше Башески.

Најблиску во земјите од регионот, серијата „Игра на тронови“, се има снимано во Хрватска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП