Доколку некој се сомневаше во комерцијалниот успех на обновениот „Maybach“, чии модели сега се продаваат под знакот на „Mercedes“, кинескиот пазар е тука да ги разубеди. Во оваа земја месечно се продаваат околу 500 примероци од „Mercedes-Maybach S-Сlasѕ“ чија почетна цена изнесува околу 230.000 долари.
Откако во февруари започна да се продаваат моделите „Maybach S500“ и „S600“, „Mercedes“ во просек секој месец во Кина испорачува петстотини примероци од овие автомобили.
Само за споредба, стариот „Maybach“ најдобра продажба имаше во 2003-та година кога кинеските купувачи во текот на целата година имаа купено 600 возила.
Дури и ако се знае дека стариот модел, како што е „Maybach 52“ кој чинеше од 350.000 долари па нагоре, беше поскап и полуксузен од актуелниот „Mercedes Maybach“, моменталната продажба и натаму може да се оцени како исклучително добра.
„Mercedes“ со враќањето во игра на марката „Maybach“ сака да земе дел од колачот на производителите како што се, „Rolls-Royce“ или „Bentley“.
Во однос на стандардната „S-Сlasѕ“, верзијата „Maybach“ е полуксузна и има повеќе простор во кабината, особено за оние кои се возат на задните седишта.
А тие „патници“ обично се и сопствениците на овие скапоцени автомобили, затоа што „Mercedes Maybach“ e aвтомобил за чиј управувач најчесто се наоѓа униформиран професионален возач.