2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцизата за цигарите се зголемува за три денари

Акцизата за цигарите се зголемува за три денари

cigarikkkk

Акцизата за цигари од почетокот на наредниот месец се зголемува за три денари по кутија, без разлика од марката на цигарите, што ќе доведе до поскапување на цената на цигарите за крајните порошувачи.

Ова е предвидено со последните измени на Законот за акцизите донесени пред две години беше предвидено секоја година во период од 10 година да се зголемува стапката на специфична и минимална акциза за цигари.

Во првите две години стапка се зголеми за 0,15 денари за цигара.Од 1 јули 2016 година заклучно со 1 јули 2023 година стапката на специфичната и минималната акциза на цигарите ќе се зголемува за 0,20 денари за парче во секоја година.

Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, цигарите ќе поскапат за три денари и во текот на следната година, а веќе од 2017 година во период од седум години поскапувањето на годишно ниво ќе изнесува четари денари за кутија.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите, со штто така најскапата кутија цигари која сега чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП