Растот на приватниот сектор во Германија во јуни беше поголем од очекуваниот, што укажува на забрзан раст на економијата во вториот квартал, по растот од 0,3 отсто во првиот.
Според прелиминарните податоци, збирниот Индекс на менаџери за набавки кои ги обединуваат индустријата и услугите, што е повеќе од две третини од економијата, во јуни вредеше 54,0 бода наспроти 52,6 во мај, останувајќи 26-ти месец во низа над прагот од 50 бодови, кој го дели од зоната за раст на активности од зоната за пад, пренесува „Ројтерс“.
Подиндексот кој ја мери активноста само на производствениот сектор во јуни е зголемен на 51,9 бода од 51,1 во мај, додека аналитичарите просечно предвидуваа 51,3 бода.
Подиндексот за услужни дејности во јуни, и покрај тоа што аналитичарите очекуваа да остане на стабилно ниво во однос на мај (53,0 бода), се искачи на 54,2 бода.
По растот на германскиот БДП од 0,3 проценти во првиот квартал, може да се очекува уште подобар резултат во вториот квартал.
Сепак, тоа што ги оптеретува економските активности на Германија е неизвесноста поврзана околу Русија и Грција, како и растечката конкуренција на земјите како Шпанија и Ирска кои остваруваат динамичен раст.