10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во Црна Гора 480 евра

Просечната плата во Црна Гора 480 евра

podgorica1

Просечната плата во Црна Гора во мај била 480 евра и за 1,7 пати помала од потрошувачката кошница, соопшти државниот завод за статистика Монстат.

Просечната плата од 480 евра е за 1,7 пати помала од просечната потрошувачка кошница, чија вредност се проценува на 809 евра.

Мајската просечна плата во однос на април пораснала за 0,4 проценти, пишува во соопштението на Монстат, а поголема е и од просечните приходи во 2014 година.

Најголем пораст на просечната плата е забележан, како што се наведува, во секторот за забава и рекреација, 14,3 проценти, потоа во земјоделството и шумарството, а следи индустријата за храна, сообраќај и здравството.

Падот на личните приходи е забележан во рударството, областите информации и комуникација, градежништвото и администрацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП