19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако би одговориле вие? Ова е најтешкото прашање на интервјуто за работа

Како би одговориле вие? Ова е најтешкото прашање на интервјуто за работа

2421445375582ac4ca3162157106616_w640

Заборавете на објаснувањето кој би победил во борбата меѓу 100 коњи со големина на патка и една патка со големина на коњ, ова прашање нема точен одговор…

Карен Дејвис од американската мултинациона компанија вели дека нејзино омилено прашање кое го поставува на разговорот за работа е „Кој ви е најдраг цитат?“. Ако ви звучи едноставно, замислете ја ситуацијата во која вашиот одговор ви ја одредува иднината.

Дејвис вели дека ова прашање и помага да сфати кој е кандидатот всушност и што е значајно за него. На ова прашање нема точен одговор, а приликата за работа ја добиваат оние кои ќе понудат било каков одговор.

„Мислам дека тоа е мал начин да видиме дали тоа е дел од нечија душа. Сакам да видам дали некој барал извор на инспирација“, изјавила Дејвис.

Ова се останатите најчести, а најтешки прашања на интервјуто за работа:

– Кои се вашите слабости?

– Опишете се во три збора.

– Зошто би требало да ве избереме токму вас?

– Опишете еден ваш неуспех.

– Кои се вашите предности?

– Кои се вашите најголеми достигнувања?

– Зошто се пријавивте за оваа работа?

– Како ќе придонесете за нашата компанија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП