26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНАТО помалку троши и покрај тензиите со Русија

НАТО помалку троши и покрај тензиите со Русија

nato-natooo

Трошоците за одбрана на земјите членки на НАТО повторно оваа година ќе бидат реално намалени и покрај влошувањето на односите со Русија и стравувањата од нејзина наводна можна агресија и минатогодишните ветувања на нивните челници дека повеќе нема да ги намалуваат буџетските издвојувања за одбраната, покажуваат податоците што ги објави Алијансата.

Според овие податоци на НАТО, издвојувањата за одбрана за 28-те членки годинава би требало реално да се намалат за 1,5 отсто, откако пред една година паднаа за 3,9 проценти. Членките на НАТО би требало за одбраната да издвојуваат 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП).

И тоа, како што забележуваат коментаторите, се случува во моментот на јакнење на напнатоста меѓу Алијансата и Русија поради судирите во Украина. Притоа се потсетува дека Русија ги зголемила значително своите трошоци за одбраната во последните десет години.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во понеделникот дека 18 членки во 2015 година би требало да ги зголемат своите издвојувања за одбраната, но дека вкупните издвојувања на нови на целата Алијанса ќе бидат пониски, продолжувајќи го трендот на намалување на трошоците за одбрана, особено во Европа.

„Оттаму, мораме да ги удвоиме нашите напори за да направиме пресврт во овој тренд. Бидејќи сме соочени со поголем број предизвици и не можеме да правиме повеќе со помалку во недолгед“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата во Брисел. Додаде дека тоа прашање ќе го постави на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел кој ќе се одржи во среда и четврток.

НАТО очекува дека пет држави членки годинава ќе ја остварат зацртаната цел од 2 отсто од БДП-то наменети за добрана, додека минатата 2014 година тоа го постигнале четири членки. Полска, според ова, во 2015-та би требало да им се придружи на САД, Велика Британија, Грција и Естонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП