18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските менаџери не се оптимисти

Кинеските менаџери не се оптимисти

185010914455891028cf2f7108698930_w640

Производниот сектор во Кина најавува стабилизација во јуни, но е во пад веќе четврти месец по ред, покажуваат прелиминарните податоци од анкетата на Mаркит меѓу директорите за набавка.

Соодветниот индекс на менаџерите за набавка (ПМИ) во јуни изнесувал 49,6 поени, што е највисокото ниво за последните три месеци (49,2 во мај), но остана под прагот од 50 поени кој ги дели рецесијата и растот, пренесува Ројтерс.

Подиндексот кој го мери вкупното ниво на нови нарачки го надмина овој пат нивото од 50 поени, на 50,3, но компаниите беа принудени да ги намалуваат цените на производите.

Резултатите од анкетата меѓу менаџерите укажуваат на тоа дека кинеските претпријатија имаат релативно слаби очекувања во поглед на растот и дека властите мораат да ги засилат напорите за да ја стимулираат активноста и да овозможат зголемување на вработеноста во втората половина од годината, коментираат од Маркит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП