27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожен договор за Грција кон средина на неделета

Можен договор за Грција кон средина на неделета

slap444

Кризниот самит на еврозоната заврши во понеделникот со порака дека до среда навечер, за кога е закажан нов состанок на еврогрупата, можно е да бидат довршени деталите од договорот со Грција, но остана уште многу работа што треба да се завшри во краток рок.

Претседателите на Европскиот совет и на Комисијата Доналд Туск и Жан-Клод Јункер изразија уверување дека во оваа недела ќе биде постигнато решение за Грција.

Грчката влада предаде список на мерки кои има намера да ги преземе и кои, како што е оценето на самитот, претставува добра основа за постигнување на договор кон средината на неделата.

Во предлогот на грчката влада се наведува дека се планира примарен буџетски суфицит (во кој не влегуваат издвојувањата за отплата на долговите) од 1 отсто од БДП за оваа година и 2 отсто за следната. Доверителите бараа 1,5 отсто за оваа година и 2,5 отсто за следната година.

Грчката влада исто така планира намалување на даноците на мали приходи и зголемување на големи приходи. Даноците на добивка од 2016 година би се зголемиле од 26 на 29 отсто, а би се вовел и посебен данок на фирми кои остваруваат добивка од над 500.000 евра. Се предвидува и зголемување на данокот на луксуз, големи автомобили, базени, авиони и бродови подолги од 10 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП