25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот

Русија ќе ја продолжи забраната за увоз на храна од Западот

zabrana-uvoz

Русија планира да ја продолжи забраната за увоз на прехранбени млечни, месни и земјоделски производи од западните земји за уште шест месеци, почнувајќи од август, како реципроцитет откако во понеделникот Европската унија формално го потврди продолжувањето на санкциите за уште половина година против Москва поради нејзината наводна улога во украинската криза.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во понеделник ги продолжија санкциите против Русија во финансискиот, одбранбениот и трговскиот сектор до 31-ви јануари 2016 година, продолжувајќи да врши притисок врз Москва.

„Предлогот за продолжување на забраната за увоз на храна е подготвен и ќе биде предаден до администрацијата на претседателот“ Владимир Путин, изјави за агенцијата ТАСС, Наталија Тимакова, портпаролка на рускиот премиер Дмитриј Медведев. Додаде дека „Кога станува збор за листата производи кои и натаму ќе бидат под ембарго, таа е речиси непроменета“.

По претходните најави на руските функционери дека Москва на продолжувањето на европските санкции кои ги сметаат без основот ќе одговори со реципроцитет, се очекуваше дека ќе ја продолжи забраната за увоз по рокот од 8-ми август.

„Земајќи предвид дека Европската унија ги продолжи санкциите против Руската Федерација за половина година, барам да го подготвите мојот предлог до претседателот за продолжување на претседателовата одлука (за забраната) за тој период“, изјавил Медведев на средбата со своите заменици, го цитира премиерот агенцијата РИА.

Забраната, којашто се однесува на увозот на прехранбени продукти во висина од неколку десетици милијарди долари од САД, ЕУ, Австралија, Канада и Норвешка, беа воведени за една година, како одговор на западните санкции. Откако Москва забрани увоз на овошје, зеленчук, месо, риба, млеко и млечни производи, најголема загуба имаат европските производители, кои беа и најголеми извозници на големиот руски пазар, а на загуби се жалат поради западните санкции трпат и европските концерни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП