понеделник, 8 август 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа Туск прв ветувачки предлог на Грција, Меркел очекува консултации

За Туск прв ветувачки предлог на Грција, Меркел очекува консултации

cipras-junkerrrr

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави во понеделникот пред почетокот на кризниот самит на еврозоната за Грција дека Атина првпат во последните седмици го дала вистинските предлози, а германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека овој состанок на врвот може да биде само консултативен, а не и состанок од кој може да се очекува одлука.

„Некои ветувачки работи се случија и Грција првпат по неколку седмици ги даде вистинските предлози на кои уште треба да се работи“, изјави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, додавајќи дека треба да се стори сé за да се избегне најлошото сценарио, односно „неконтролирано и хаотично“ излегување на Грција од еврозоната.

Пред почетокот на вонредниот самит на челниците на земјите од еврозоната, состанок одржаа и министрите за финансии на овие земји (Еврогрупата). Состанокот заврши без заклучоци, а новиот е најавен за среда и четврток, додека во меѓувреме ќе продолжат техничките преговори меѓу Грција и нејзините доверители, односно Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Грчкиот предлог за договорот со нови предлози за реформите беше испратен доцна ноќта во неделата, предоцна за да биде соодветно проценет на понеделничката средба, но според првичните оцени претставува солидна база за натамошни преговори.

Германската канцеларка Ангела Меркел беше извонредно куса во својата изјава при доаѓањето на самитот. „Откако состанокот на Еврогрупата не обезбеди основи за носење одлуки, денешниот самит може да биде само консултативен“, рече Меркел.

„Мојата цел е да биде постигнат договор до крајот на оваа седмица. Ќе работиме на тоа и дење и ноќе“, изјави, пак, челникот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП