29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата поради презаситеност на пазарот

Пад на цената на нафтата поради презаситеност на пазарот

nafta 02

Цената на нафтата падна под 63 долари за барел во понеделникот, под притисок од загриженоста за растечката презаситеност на снабдување, што ги анулираше претходните добивки поттикнати од надежите дека Грција може да избегне банкрот.

Цената на нафтата по почетното покачување набргу по отворањето на тргување во Њујорк, почна да се намалува под притисок од преголемото снабдување на пазарот

Цената Брент сурова нафта за испорака во август се намали за 32 центи на 62,70 долари за барел, откако преходно се искачи на 63,74 долари за барел.

На американската берза цената на суровата нафта беше 54 центи пониска, на 59,07 долари за барел, откако се искачи претходно на 60,30 долари за барел.

По најновите предлози на Грција порасна надежите дека во последен момент би можел да се постигне договор за грчкиот долг, глобалните финансиски пазари позитивно реагираа. Подоцна позитивниот тренд беше потиснат од податоците за прекумерно снабдување

Околу 10 милиони барели непродадените сурова, главно од Нигерија, складирана е во танкери и покрај силната летна побарувачката,се вели во белешката на аналитичарите на Morgan Stanley, што може да создаде негативен изглед за нафтата во втората половина од годината.

Висока домашното производство на нафта на САД, кое се одржува околу 9,6 милиони барели дневно, на највисоко ниво од почетокот на 1970-тите, исто така влијае врз цените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП