7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот Иванов оствари средба со гувернерот Богов

Претседателот Иванов оствари средба со гувернерот Богов

bogov-ivanov

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделникот во Вила Билјана во Охрид го прими гувернерот на Народната банка на Република Македонија,Димитар Богов.

На средбата се разговарало за поставеноста на монетарната политика на Република Македонија, во контекст на последните случувања од грчката должничка криза и за можните рефлексии врз нашата држава.

Гувернерот Богов го информираше македонскиот претседател за преземените мерки и активности на Народната банка, како и за можните сценарија при разрешувањето на кризата во еврозоната. Тој потенцираше дека македонскиот банкарски систем е отпорен и дека може без поголеми последици да ги издржи ударите од кризата.

Претседателот Иванов и гувернерот Богов констатираа дека Народната банка претставува стабилна институција која досега покажа капацитет во постигнување на финансиска стабилност и одржување на сигурен и стабилен банкарски систем, се вели во соопштението на кабинетот на Иванов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП