18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзрамнет автопатот „Александар Македонски“ на делницата Велес-Градско

Израмнет автопатот „Александар Македонски“ на делницата Велес-Градско

maznenje pat

На санацијата на деформациите на три локации од делницата Велес – Градско на автопатот  „Александар Македонски“, денеска на увид беше директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Александар Стојанов.

Поради појавата на поголеми нерамнини, поточно издигнувања, на асфалтот кои се протегаа попречно по автопатот во двата правци на три локации, неопходна беше санација на истите бидејки претставуваа  опасност по безбедното движење на возилата каде брзината на движење изнесува 120км/ч.

За оваа цел беше изработено Техничко решение за санација според кое на трите локации во двата правци на автопатот се изврши гребење на постоечкиот асфалт до ниво на тампон. Беше извршена замена на тампонот по што следуваше асфалтирање со два слоја на носечки асфалт, завршен слој на асфалт и на крајот се постави хоризонтално обележување.

Инвестицијата е во вредност од 10, 3 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП