3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСензори за вработените: Дали мислите дека ова е хумано?

Сензори за вработените: Дали мислите дека ова е хумано?

workers2

Идејата за следење на секој чекор на вработените со помош на сензори делува застрашувачки.

Технолошките компании велат дека информациите кои ги обезбедуваат ваквите сензори претставуваат можност за подобрување на компанијата и вработените.

Уредите за следење на вработените од компанијата „Sociometric Solutions“, се веќе во оптек во одредени компании, меѓу кои се наоѓаат и „Bank of America“, а во преговори се и со „General Motors“.

Како да се создаде успешен тим

Проектот беше инициран од страна на студентите на Технолошкиот институт во Масачусетс, со желба да се истражи како одредени организации како „Google“, создаваат успешни тимови. Сензорите се вградени во картиците за идентификација, тие го снимаат гласот на вработените, нивните движења и разговорот кога комуницираат со друга личност.

Мерење на продуктивноста

Сензорите треба да ја измерат вистинската продуктивност на луѓето и да обезбедат податоци врз основа на кои продуктивноста на поединци и на целата компанија ќе биде зголемена.

Сензорите поседуваат „Bluetooth“, микрофон кој го регистрира тонот и јачината на гласот, брзината на говорот, сензор за движење и инфрацрвени зраци кои обезбедуваат информација за положбата на телото на вработениот при разговор со друга личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП