27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина ѝ врати 75 милиони долари на Русија по основа на еврообврзница

Украина ѝ врати 75 милиони долари на Русија по основа на еврообврзница

14761645675587d6489860f620664956_w640

Украина во понеделникот уплати 75 милони долари врз основа на приноси на украинските еврообврзници кои Русија ги купи во 2003 година и чија вкупна вредност изнесува три милијарди долари, соопштија властите во Киев.

„Сé е во ред. Потврдувам дека уплатата е извршена“, изјави шефот на одделението за управување со долг и државни финансиски активи при украинското министерство за финансии Константин Вишковски за руската агенција ТАСС.

Овие хартии од вредност се дел од програмата за руска помош, која претседателот на Русија Владимир Путин ја договори со тогашниот украински претседател, Виктор Јанукович кон крајот на 2013 година. Обврзниците со принос од пет отсто годишно издадени се на Ирската берза, а ги купи Русија со средства од фондот за национална благосостојба. Рокот на нивното доспевање е декември 2015 година.

Вкупниот долг на Украина изнесува околу 50 милијарди долари, а владата во Киев сака со реструктуирање 22 милијарди долари да обезбеди од приватите доверители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП