17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТелефонската линија Ало докторе со речиси 40.000 повици

Телефонската линија Ало докторе со речиси 40.000 повици

ало-докторееее---

На телефонската линија за медицински совети – Ало докторе, во изминатите девет месеци откако функционира, реализирани се речиси 40.000 телефонски повици. Само во текот на изминатата недела, регистрирани се вкупно 859 повици од граѓани низ целата држава.

Со јавување на телефонскиот број (02) 15123 граѓаните може да добијат стручен медицински совет за одредена здравствена состојба, симптоматска терапија, а по потреба повикот може да биде пренасочен кон Службата за Итна медицинска помош.

За функционирањето на телефонската линија Ало докторе, ангажирани се вкупно 22 доктори од повеќе различни специјалности, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во овој период кој го карактеризираат повисоки температури, граѓаните често се јавуваат за медицинска консултација за покачен крвен притисок, стомачни болки и дијареа.

Регистрирани се и повици за поспецифични случаи, како на пример: човек кој бил каснат од змија во потколеницата за време на престој во планинско место, веднаш се јавил на телефонската линија Ало докторе и му биле дадени стручни совети како да постапи додека да стигне до најблиската здравствена установа. Исто така, регистриран е случај на повозрасна жена со појава на алергиска реакција со отежнато дишење и симптоми на гушење. Сосетката на жената ја повикала линијата Ало докторе и им биле дадени совети за постапување додека да пристигне медицинска екипа на Итната медицинска помош.

Повикувачкиот центар е сместен во просториите на Итната медицинска помош до поликлиниката Букурешт, а бројот (02) 15123 е достапен 24 часа за граѓаните од целата држава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП