12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Новиот грчки предлог е добра основа за напредок

ЕУ: Новиот грчки предлог е добра основа за напредок

eugreece1598kokolo

Европската унија го поздрави во понеделникот претпладнето новиот предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој во неделата доцна вечерта телефонски им го претставил на челниците на Германија, Франција и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

„Предлогот е добра основа за напредок во преговорите“, оценија од преговарачкиот тим на Јункер.

Малку подоцна, пред почетокот на преговорите со грчкиот премиер Алексис Цирпас, претседателот на Европската комисија изјави дека Грција и кредиторите сé уште не постигнале согласност за реформите, но оти ќе сторат што е можно повеќе во таа насока.

„Ние не постигнавме договор, меѓутоа правиме се за да го овозможиме тоа“, рече Жан-Клод Јункер.

Сé уште не се познати деталите од новиот предлог, меѓутоа како добра основа за напредок во преговорите го смета и германскиот функционер Мартин Зелмаер.

По четири месеци натегања, владата на Цирпас покажува подготвеност за отстапки и по маратонскиот состанок понуди нов предлог кој грчкиот премиер им го изнесе на германската канцеларка Ангела Меркел, на францускиот претседател Франсоа Оланд и на Јункер.

Од неговиот кабинет издадоа соопштение во коешто се наведува дека договорот „конечно треба да биде донесен, а не привремено решение“ за грчкото прашање, ненаведувајќи дали предлозите со нови, како што бараа доверителите – Европската унија, Европската централна банка и Меѓународен монетарен фонд, пред решавачкиот самит во еврозоната, којшто ќе се одржи во понеделникот навечер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП