8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОАЕ очекуваат силен економски раст

ОАЕ очекуваат силен економски раст

dubai7778

Обединетите Арапски Емирати очекуваат силен економски раст во 2015 година, по растот од 4,6 проценти во 2014 година, изјави во Дубаи премиерот, шеикот Мухамед Бен Рашид ал Мактум.

„Очекуваме силен економски раст во 2015 година“, изјави шеикот Мухамед и додаде дека економските сектори, кои не се занимаваат со нафта, забележале позитивен раст во првиот квартал од 2015 година.

Тие сектори во 2014 година имаа раст од 8,1 проценти, со што дадоа придонес во целата економија од 68,6 проценти.

„Ќе ги преземеме сите неопходни мерки тие сектори до 2021 година да претставуваат 80 проценти од економскиот раст. Ќе инвестираме во индустријата, туризмот, поморскиот и воздушниот сообраќај и ќе ги подржиме проектите и иницијативите за економијата“, изјави премиерот на ОАЕ.

ОАЕ, шеста земја според производството на нафта, „продолжува со долгорочната стратегија за диверзификација на ресурсите во економијата“, додаде шеикот Мухамед. Според неговите зборови, финансискиот сектор забележал раст од 15 проценти во 2014 година, како и туризмот кој угостил 20 милиони туристи минатата година.

Емиратите не ја занемарија ниту вселенската индустрија, планирајќи до 2021 година на Марс да ја упатат првата арапска роботизирана сонда.

Оваа федерација од седум емирати, формирана во 1971 година, беше тешко погодена од финансиската криза од 2007 до 2011 година, кога бележеше економски раст во просек од 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП