Доколку Европската централна банка (ЕЦБ) ја прекине помошта за грчките банки, Грција ќе биде неликвидна и би морала да воведе паралелна валута, предупреди главниот аналитичар на Рајфајзенбанка, Петер Берзиншек.
Тој за австриската државна телевизија „ORF“ изјави дека сега клучната улога ја има ЕЦБ.
Можната паралелна валута на Грција би изгубила на вредноста, но до неликвидност на државата има уште многу време, смета аналитичарот.
Неисплатувањето на кредитот на ММФ на 30 јуни најверојатно нема да предизвика неликвидност, но поважно од тоа е 20 јули кога треба да се исплатата обврзниците на ЕЦБ во висина од 3,6 милијарди евра, вели Берзиншек.
Поранешниот шеф на австрискиот економски институт „IHS“, Кристијан Којшниг смета дека излегувањето на Грција од еврозоната би предизвикало хуманитарна катастрофа. Во тој случај владата би морала сите обврски да ги претводи во драхми, кои веднаш би паднале за 50 отсто.