26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање ќе има прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради минирање ќе има прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево–Охрид помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани, во понеделник во период од 12.00 – 14.00 часот (прв термин) и 15.00-17.00 часот (втор термин) ќе има прекини во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП