Основната месечна плата во приватниот сектор во Франција е зголемена во првиот квартал од оваа година за 0,5 проценти.
Тоа е над стапката на инфлација во извештајниот период која изнесуваше 0,3 проценти, покажуваат конечните податоци на француското Министерство за труд.
Основната плата во Франција во претпријатијата со 10 или повеќе вработени (без земјоделството) во првиот квартал покажуваат просечен раст од 1,3 проценти во однос на истиот квартал минатата година, додека потрошувачките цени на годишно ниво биле во пад за 0,1 проценти, додаваат од Министерството, а пренесува агенцијата АФП.
Просечното траење на работната недела на вработените во однос на полното работно време остана на стабилните 35,6 часа на крајот на март оваа година.