4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се 10-те земји кои имаат жена на својата валута (фото)

Ова се 10-те земји кои имаат жена на својата валута (фото)

bank zeni nas

За втор пат банкнота во САД ќе отсликува лик на eдна жена. Тоа ќе биде новата 10-доларка.

Нејзиното пуштање ќе одговара со 100-годишнината, откако жените добиле право да гласаат. За сега не е официјално прогласено која ќе биде жената на банкнотата. Меѓу кандидатите се: Хариет Тибман, активистка за граѓански права Роза Паркс, Елеонора Рузвелт, активистка за граѓански права, Сузан Б. Ентони. Првиот пат кога на државните пари имаше жена беше во периодот 1891-1896 година, кога сопругата на Џорџ Вашингтон, Марта, била на банкнотата од 1 долар.

Погледнете кои 10 држави кои имаат жена на своите банкноти:

1. Велика Британија

bank zeni 1

Поради критиките дека нема доволно жени на банкнотите (иако кралицата е на секоја банкнота), во 2013-та година централната банка на земјата објави дека ќе го замени Чарлс Дарвин со писателката Џејн Остин на новата банкнота од 10 фунти.

2. Сирија

bank zeni 2

За банкнотата од 500 фунти е ликот на Кралицата Зенобија. Таа е позната по започнувањето на востанието против Римската Империја.

3. Шведска

bank zeni 3

Скандинавските држави се секогаш на едно од првите места на скалилото за рамноправност меѓу луѓето. Оперската пејачка Џени Линд е на банкнотата од 50 круни, а првата жена писателка која добила Нобеловата награда, Селма Лагерлеоф е на 20 круни. Минатата година беа додадени уште 3 дами – писателката Астрид Линдгрен, пејачката Биргит Нилсон и актерката Грета Гарбо, кои беа избрани за банкнотите од 20, 500 и 100 круни.

4. Аргентина

bank zeni 4

На банкнотата од 100 пезоси може да се види Евита Перон – првата дама на Аргентина од 1946-та до 1952-ра година.

5. Австралија

bank zena 5

Валутата на Австралија е рамноправна во светот. На едната страна на сите банкноти има жена – Кралицата Елизабета Втора, активистката Мери Гилмор, бизнис дамата Мери Реибеј, првата жена во австралискиот парламент Едит Коуам, оперската пејачка Нели Мелба и други.

6. Нов Зеланд

bank zeni 6

На банкнотата од 10 долари е активистката Кејт Шепард. На банкнотата од 20 долари е Кралицата Елизабета.

7. Турција

bank zeni 7

На банкнотата од 50 лири може да се види Фатма Алие Топуз – писателка и активист за правата на жените, починала во 1936-та година.

8. Израел

bank zeni 8

Поетеса Рејчел Блувштаин и писателката Лиа Голдберг се прикажани на банкноти.

9. Мексико

bank zeni 9

На банкнотата од 500 пезоси има автопортрет на Фрида Кало. Писателката Сор Хуана Инес де ла Круз е на банкнотата од 200 пезоси.

10. Филипини

bank zeni 10

Првата жена претседател на земјата Корасон Акино е на банкнотата од 500 песо, заедно со нејзиниот сопруг – Бенгино Акино. На банкнотата од 1.000 песо е активистката за право на глас на жените, Жозеф Ланес Ескода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП