1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИнтервјуто за работа станува вистинска наука

Интервјуто за работа станува вистинска наука

intervju3

Подготовката за интервјуто за работа стана сериозна наука.

Повеќе нема потреба да истражувате како да напишете одлично CV, како да се однесувате на разговорот за работа и што да направите доколку на интервјуто нешто сте погрешиле.

На сето ова полека му доаѓа крајот. Соочувајќи се со тешката задача за избирање на кандидат, како и со големите трошоци, некои компанија одлучија на поинаков начин да дојдат до новиот вработен.

Во интервјуто за „The New York Times“, Крис Дуган, директор на компанијата „Badgevile“, изјави дека неговата компанија го избира најдобриот кандидат, со помош на домашна задача.

Предрасудите одат во минатото

Тој вели дека во процесот на вработување се појавуваат многу предрасуди, започнувајќи од училиштето кое кандидатот го завршил па се до неговата „совршена“ биографија. Овие предрасуди исчезнуваат кога на кандидатот ќе му дадете молив и хартија, вели тој.

Дуган вели дека тој на неговите кандидати им поставува домашна задача, и никогаш не им вели дека треба до наредниот ден да им биде готова, туку ги прашува кога да го очекува нивниот одговор.

Овој вид на интервју е особено добар за некои повисоки позиции, каде што креативноста и професионалноста на кандидатот треба да се појават на виделина со помош на поставената задача.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП