30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е подготвена да размотри финансиска помош за Грција

Русија е подготвена да размотри финансиска помош за Грција

large_3da5

Русија е подготвена да ја размотри можноста за давање на финансиска помош на Грција, рече во петокот портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е во Русија на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

Изјавата на Песков е дадена пред нивниот разговор во Санкт Петербург. Левичарската влада има големи потешкотии во преговорите со меѓународните кредитори, во настојување да ја добие неопходната помош за да избегне банкрот во неможност до крајот на месецот да ги исплати своите доверители.

Доколку не добие, Грција ризикува не само банкрот туку и излегување од еврозоната. Посетата на Цирас на Русија ги поттикна шпекулациите дека Грција можеби сака заем од Русија.

„Доколку Грците бараат заем, ние тоа барање ќе го разгледаме, но се уште не не прашаа“, рече портпаролот на Путин за агенцијата Асошиејтед прес.

„Тоа ќе го сториме, бидејќи тие се наши партнери и тоа е нормална пракса меѓу партнерски држави“, додаде Песков.

Рускиот вицепремиер Аркадиј Дворкович исто така рече, во изјава за Раша Тудеј, дека Русија ќе ја размотри грчката моба за заем, доколку биде поставена.

Русија и Грција денеска потпишаа договор за изградба на продолжување на планираниот гасовор Турски тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП