6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на еврото, Грција во фокусот

Пад на еврото, Грција во фокусот

evrozona-evro-evropa

Курсот на еврото падна во петокот на светските девизни берзи кон останатите водечки валути поради тврдокорната загриженост поврзана за судбината на Грција, на која и се заканува дека нема да може да ги исполни своите обврски кон кредиторите, како и потенцијално излегување од еврозоната.

Курсот на еврото се спушти кон доларот за 0,3 отсто, на 1,1325 долари, а за ист процент се намали и во однос на британската фунта, за која аналитичарите велат дека претставува своеврсно прибежиште за инвеститорите загрижени од ситуацијата со Грција, спуштајќи се на 71,31 пени.

Европската валута исто така ослабна и кон швајцарскиот франк и јапонскиот јен, традиционални безбедносни прибежишта за капиталот во неизвесни времиња за економијата.

По изостанокот на договор на Грција со кредиторите вчера на состанокот во Луксембург, нов обид преговорите да се мрднат од мртва точка ќе биде итниот самит свикан за понеделник.

Штедачите во Грција само во четвртокот од банките повлекле над милијарда евра, изјави за Reuters три висока рангирани неименувани извори од банкарските кругови. Темпото на повлекување на парите од локалните банки зајакна по прекинот на преговорите помеѓу гршката влада и кредиторите во изинатиот викенд.

Европската валута досега, според оценката на аналитичарите, беше изненадувачки отпорна на случувањата во Грција денеска ослабна бидејќи берзанските актери покажаа мала загриженост поради ваквиот развој на настаните.

„Никој од учесниците на финансиските пазари не се грижи за Грција“, напиштаа аналитичарите на Commerzbank во краткиот коментар.

Валутната аналитичарка од DZ Banka, Соња Мартен ече, пак, дека поради приближување на рокот за отплата на 1,6 милијарди евра заем кон ММФ инвеститорите сепакс тануваа понервозни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП