19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканската банкнота од 10 долари по 130 години ќе добие лик на...

Американската банкнота од 10 долари по 130 години ќе добие лик на жена

deset dolari 33

Министерството за финансии на САД, планира на банкнотата од десет долари, конечно да стави лик на жена, јавува USA Today.

Сепак, банкнотата нема да се појави во оптек пред 2020 година, а министерството се уште не одлучило чиј лик ќе се најде на неа.

Секретарот на Министерството за финансии, Џек Лев, вели дека сакаат да го слушнат мислењето на јавноста за тоа која жена би можела да се најде на банкнотата од десет долари. За таа цел е отворена страница, како и акција на социјалните мрежи со хаштаг #TheNew10, каде секој ќе им прилика да го искаже своето мислење.

Жена не се појавила на американска банкнота од 1890 година, кога лицето на Марта Вашингтон го красеше доларот. На неколку кованици се наоѓале лица на неколку познати жени, вклучително и Susan B. Anthony и Sacagaweu.

На банкнотата од десет долари од 1928 година се наоѓа ликот на Александар Хамилтон, а Министерството за финансии планира да пушти специјална серија банкноти со неговиот лик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП