2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: Русија на санкциите на Западот одговара со слобода за бизнисот

Путин: Русија на санкциите на Западот одговара со слобода за бизнисот

putinwriting1

Русија како одговор на ограничувањата на Западот нема да го затвори пазарот туку ќе ја прошири слободата за бизнис, рече денеска рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

„Суштина на програмата на замена на увозот не е во тоа да го затвори својот пазар и да се огради од светската економија, ние мораме да научиме да произведуваме квалитетни конкурентни производи, бараме не само во Русија, туку и на глобалните светски пазари. На крајот, задачата се состои во тоа целосно и ефикасно да ги користиме своите внатрешни можности за да се развиеме“, рече Путин на пленарна седница.

„На надворешните ограничувања ние одговараме не со затворање на економијата, туку со проширување на слободата, зголемување на отвореноста на Русија и тоа не е слоган, туку содржина на нашата вистинска политика. Овие активности кои денес ги водиме се за креирање на услови за бизнис, за наоѓање на нови партнери, за учество во реализација на крупни интеграциони проекти“, нагласи Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП