12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКремљ: Русија мора да ги слушне грчките предлози пред каква и да...

Кремљ: Русија мора да ги слушне грчките предлози пред каква и да е одлука

putin-cipras

Кремљ во петокот објави дека Русија ќе мора да ги слушне предлозите на Грција, пред да презема каква и да е активност, откако руски функционер претходно изјави дека Москва е подготвена да ѝ понуди финансиска помош на Атина.

Запрашан дали Русија навистина е подготвена да понуди помош, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека треба да се почека додека бидат завршени разговорите на грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин, подоцна во петокот на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург.

„За да го разгледаме ова прашање, прво мораме да слушнеме некој предлог, нека иницијатива од страна на грчките партнери. Да ги почекаме разговорите …., и потоа ќе ве известиме“, рече Песков.

Вицепремиерот на руската влада, Аркадиј Дворкович, претходно во петокот изјави дека Русија е подготвена да го разгледа прашањето за давање финансиска помош на Грција.

„Ќе го поддржиме секое решение за регулирање на грчката криза коешто ќе го предложат Грција и нашите европски партнери. Најважното за нас се инвестициските проекти и трговијата со Грција. Доколку е потребна финансиска поддршка, ќе го разгледаме тоа прашање“, порача Дворкович, пренесе агенцијата ТАСС.

Претходно во петокот министрите за енергeтика на двете земји, Алеснадр Новак и Панајотис Лафазанис, потпишаа договор кој се однесува на соработка во градењето и користењето на гасоводот Турски тек на територијата на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП