3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбјавен поширокиот список македонски репрезентативци за Евробаскет 2015

Објавен поширокиот список македонски репрезентативци за Евробаскет 2015

kosarkari mkd

Македонската кошаркарска федерација го објави поширокиот список играчи кои се во комбинација за настап на Евробаскетот 2015.

Во ФИБА е испратен списокот на играчи во избор на селекторот Александар Џикиќ, а на него се наоѓаат 24 кошаркари:

Владо Илиевски, Андреј Магдевски, Лестер Бо Мекејлеб, Александар Костоски, Димитар Караџовски, Димитар Мираковски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Дарко Соколов, Ивица Димчевски, Владимир Брчков, Бојан Трајковски, Стојан Ѓуроски, Ѓорѓи Чековски, Кирил Николовски, Перо Антиќ, Бојан Крстевски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс, Марјан Јанески, Љубомир Младеновски, Ненад Димитријевиќ и Андреј Маслинко.

Стартот на подготовките е на 25-ти јули во Скопје. Нашата репрезентација ќе одигра неколку натпревари во Охрид и во Гевгелија (на домашен терен), а ќе биде учесник и на подготвителни турнири во Литванија и во Шпанија.

Македонија на Евробаскет 2015 година ќе игра во групата Ц во Загреб, а ривали во првата фаза се селекциите на: Холандија, Грција, Хрватска (ко­домаќин на Евробаскетот), Словенија и Грузија.

Прв ривал на Македонија на 5-ти септември е селекцијата на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП