16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКХВ: Успешно преземањето на акции од „11 Октомври“ Куманово

КХВ: Успешно преземањето на акции од „11 Октомври“ Куманово

sprovodni-cevki-11

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија објави дека на 72-рата седница донела решение со кое понудата за преземање на акции издадени од ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово се утврдува за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно 90 сопственици на обични акции со право на глас во ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово кои поседуваат 262.267 обични акции, што претставува 56,69 проценти од вкупниот број на обични акции со право на глас, односно 53,41 проценти од вкупниот број издадени акции од ФЗЦ „11 Октомври“ АД Куманово.

Инаку, најмалото количество од обичните акции кои требаше да бидат откупени за понудата да биде успешна е 234.158 акции, односно 50,62 отсто од вкупниот број обични акции. Со надминување на овој праг, понудата за преземање е успешна. Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 550,00 денари по акција.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на Коста Костадиновски и на Јован Дојчиновски им даде согласност да бидат именувани за извршни членови на Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопје.

Имено, Коста Костадиновски ќе ја извршува функцијата главен извршен директор, а Јован Дојчиновски извршен директор. Согласно одлуката на Собранието на акционери на Друштвото за управување со инвестициски фондови „Илирика Фунд Менаџмент“ АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри Коста Костадиновски и Јован Дојчиновски да имаат мандат од две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП