17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански малопродажни ланци заработија глоба поради местење на цени

Германски малопродажни ланци заработија глоба поради местење на цени

metro333

Седум водечки германски малопродажни ланци се казнети со 151,6 милиони евра поради одредување на цените на одредени производи.

„Во малопродажните прехрамбени производи, како и во сите други сектори, продавачите и произведувачите не им е дозволено да склучуваат договори за продажни цени кои одат во штета на протрошувачите“, се наведува во соопштението на претседателот на германската агенција за заштита на конкуренцијата, Андреас Мундт.

Казни заработија малопродажните ланци „Едека“, „Реве“, Кауфланд“, „Метро“ и „Алди“, како и производителот на слатки „Харибо“, познатиот бренд за чоколади „Ритер“, производителот на производи за нега на кожата „Џонсон&Џонсон“ со седиште во САД и снабдувачот на шапони „Др. Курт Волф“, пренесува „Ројтерс“.

Висината на казната за секоја поединечна компанија не е објавена, а износот на глобата варира од компанија до компанија зависно од нивниот степен на вмешаност во договарањето на цените, соопшти агенцијата за заштита на конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП