2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален обемот на лоши кредити во Шпанија

Намален обемот на лоши кредити во Шпанија

shpanija4

Обемот на лоши кредити во шпанските банки е намален во април трет последователен месец на 161,6 милијарди евра, соопшти вчера шпанската Централна банка.

Процентот на ризични кредити во вкупните кредити е намален на 11,95 од 12,09 проценти во март, а најголем дел од таквите кредити се во рацете на кредиторите кои им позајмуваат пари на компаниите на пазарот на недвижнини, како што е „Bankia“, која владата во Мадрид 2012 година ја спаси од банкрот, пренесува агенцијата Франс прес.

Банките кои работат во повеќе области и на меѓународно ниво, како „Santander“ и „BBVA“ се помалку оптоварени со лоши кредити, наведува Банката на Шпанија.

По проблематичниот период на пазарот за недвижнини во 2008 година, обемот на ненаплатливи кредити бил на многу високо ниво, а во 2013 година го достигна максимумот од 13,6 проценти.

На врвот на кризата, партнерите на Шпанија и понудија на оваа земја помош за банките во износ од 100 милијарди евра, а Мадрид ги прифати средствата вредни 40 милијарди и креираше т.н Лоша банка која ги презема кредитите од комерцијалните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП