10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Кризата ќе биде решена, земјата ќе го врати растот и ќе...

Ципрас: Кризата ќе биде решена, земјата ќе го врати растот и ќе остане во еврозоната

ciprasssss090990

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денес изјави дека грчката криза ќе се реши, земјата ќе го врати економскиот раст и ќе остане во еврозоната, пренесуваа грчките медиуми.

Ципрас, исто така, го поздрави вонредниот состанок на претседателите на државите и владите на 19-те земји членки на еврозоната, кој ќе биде одржан во понеделник во Брисел.

Самитот е „позитивен развој на настаните на патот кон договор“, и ќе се докаже дека не се во право „сите оние кои сметаат дека ќе дојде до криза и сценарио на страв“, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас.

„Ќе постигнеме решение кое ќе биде втемелено на европските правила и демократијата, што ќе и овозможи на Грција да се врати на патот на растот внатре во еврозоната“, рекол Ципрас во соопштението.

Претседателот на Европскот совет, Доналд Туск, во четвртокот најави дека свикал вонреден состанок на еврозоната во понеделник.

„Време е за состојбата во Грција да разговараме на највисоко политичко рамниште“ изјави Туск, додавајќи дека одлуката ја донел „по резултатите од состанокот на Еврогрупата“, на која во четвртокот во Луксембург присустваа министрите за финансии од еврозоната и грчките преставници.

Тој состанок заврши без договор и донесување на каква и да е одлука, со што земјата се повеќе се доближи до можноста да не го исплати својот долг до крајот на месецот.

Еврокомесарот за економски прашања, Пјер Московиси, по завршувањето на состанокот ги повика грчките власти да се согласат на „разумен договор“, за да ја спречат „катастрофалната судбина“, додека претседателот на Еврогрупата, Јероен Дијселблум посака Атина конечно да излезе со „веродостојни“ предлози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП