На Волстрит во четвртокот цените на акциите силно пораснаа, додека индексот Nasdaq достигна рекордно ниво, благодарејќи на јакнењето на американската економија и процените за побавниот раст на каматите во САД отколку што се очекуваше.
Индексот Dow Jones зајакна за 1,0 отсто, на 18.115 поени, индексот S&P 500 се зголеми за 0,99 отсто, на 2.121 поен, a индексот Nasdaq за 1,34 отсто, на 5.132 индексни поени.
Инвеститорите во четвртокот беа расположени од подобрите отколку што се очекуваше макроекономски податоци, коишто укажуваат на јакнењето за заздравувањето на американската економија, по падот во првиот квартал од годинава. Потрошувачките цени пораснале во мај по највисоката стапка во последните две години, додека бројот на првите барања за помош на невработените падна на најниското ниво во последните 15 години, што укажува на заздравување на пазарот на трудот и јакнење на инфлацијата поради растот на платите и потрошувачката.
„Тоа се јасни показатели на забрзување на економскиот раст. Покрај тоа, од пораката од Fed (американската централна банка Federal Reserve – з.м.) од средата може да се заклучи дека зголемувањето на каматите ќе биде побавно отколку што претходно се мислеше“, вели во анкетата на Reuters Џон Менли, стратег во фондот „Wells Fargo Funds Management“.
Во средата, по дводневната седница, челниците на американската централна банка порачаа дека економијата најверојатно доволно силно би го издржала зголемувањето на клучните каматни стапки до крајот на годинава. Повеќето функционери на Fed проценуваат дека каматите ќе бидат зголемени до крајот на годинава, но за малку ги намалија процените во темпото на растот на каматите во следните две години.
Благодарејќи на сигналите за забрзување на растот на економијата и пораките дека каматите ќе растат бавно, во четвртокот пораснаа цените на акциите во сите 10 сектори од S&P 500 индексот. Силниот раст на технолошкиот сектор, пак, ги поттикна и растот и на индексот Nasdaq на ново највисоко ниво во историјата.
Поттикнувачки на пазарот влијаеја и надежите дека министрите за финансии на еврозоната и Грција ќе посигнат напредок во преговорите за решавање на грчките должнички проблеми. Меѓутоа, тоа не се оствари, состанокот заврши без никаква одлука, па Грција уште повеќе се приближи до банкротот. За понеделник е свикан вонреден состанок на врвот на шефовите на држави и влади на 19-теземји од еврозоната кој ќе биде посветен само на Грција.