18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилниот долар негативно влијаеше на приходите на Oracle

Силниот долар негативно влијаеше на приходите на Oracle

oraclee

Американската информатичка компанија „Oracle“ оствари профит и приходи помали од очекуваните во четвртиот квартал од својата фискална година, завршена на 31 мај, поради силниот долар и падот на приходите од новите лиценци.

Нето профитот во четвртиот квартал достигна 2,76 милијарди долари, што е 62 центи по акција, додека една година претходно изнесувал 3,56 милијарди долари (80 центи по акција), пренесува Ројтерс.

Според сезонски прилагодените податоци, профитот по акција достигна 78 центи.

Приходите се намалени за 5,4 проценти, на 10,71 милијарди долари.

Аналитичарите очекуваа профит по акција од 86 центи и приход од 10,92 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

„Oracle“ се соочува со конкуренцијата од помалите и помлади компании кои жестоко се спротивставуваат, можеби на штета на профитната маржа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП