18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan 370Z останува без наследник

Nissan 370Z останува без наследник

370z 00

Раководството на „Nissan“ одлучи дека нема да развива директен наследник на спортскиот модел „370Z“ поради слабиот интерес и високата цена на возилото. Тоа го призна потпретседателот на јапонскиот производител, Широ Накамура за изданието „Drive“.

„Мораме кардинално да ги промениме работите и да направиме сосема нов модел кој ќе се позиционира во различна категорија. Јасно е дека во моментов автомобил по цена од 50.000 долари со 3,7-литарски „V6“ мотор е прескап. Но, не само како цена, туки и по дополнителните трошоци“, изјави Накамура.

Се очекува следната спортско купе на „Nissan“ да биде далеку подостапно, затоа што ќе се нуди со 4-цилиндричен бензински турбо мотор. Сличен модел ќе може да се натпреварува со „Toyota GT86“ и „Subaru BRZ“, а ќе се нуди само во верзија со две седишта.

Накамура додаде дека во моментов раководството на компанијата ја разгледува можноста за создавање на спортски автомобил во стилот на прототипот „IDx Nismo“, кој беше прикажан на саемот во Токио во 2013-та година. Се уште не е познато дали претставувањето на таков модел е економски оправдано.

Самиот „Nissan 370Z“ се произведува од 2008-ма година, а се потпира на 3,7-литарски „V6“ мотор. Трансмисијата е 6-брзински мануелен или 7-степен автоматски. Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,3 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП