26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПочнува Штипско културно лето 2015

Почнува Штипско културно лето 2015

stipsko-kulturno-leto

Штипско културно лето 2015 ќе се оддржи од 19 јуни до 9 август и вклучува околу 30-тина културни настани.

Отворањето на ШКЛ ќе биде со целовечерен фолк концерт на КУД „Ристо Донев-Учителот“, а ќе заврши на 7,8 и 9 август со востановениот Summer beach festival. Годинава за ШКЛ се издвоени околу 140.000 денари:

„Некаде помеѓу се поместени стандардни културни содржини од типот на изложби, концерти, промоции и претстави. Статистички кажано, годинава на ШКЛ ќе има 7 настани кои се во доменот на етно и традиционалната музика, 5 класични концерти, 3 концерти од сферата на популарната музика вклучитлено и промоција на албум и рок хепенингот на Вртешка со гости од САД, 4 театарски претстави од кои две детски, 3 изложби од кои две на цртежи и акварели и една на уметничка фотографија, две промоции на книги и една ревија. Што се однесува до странски гостувања, годинава имаме гости од Република Грција конкретно КУД кое ќе настапи на 15 јули, потоа гости од Србија, од Бугарија, конкретно настап на АРС Барок-квартет од Бугарија и други“, изјави Драган Ристов, советник за односи со јавност.

ШКЛ е најстарата културна манифестација која годинава одбележува јубилеј 30 години постоење. На денот на отворањето на ШКЛ, угостителите ќе имаат продолжено работно време од еден час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП