11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредбата на Еврогрупата за Грција заврши без одлука

Средбата на Еврогрупата за Грција заврши без одлука

Image (97)

Средбата на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната заврши во четвртокот навечер без договор и без одлука, со што Грција уште повеќе се приближува до неможноста да ги исплати своите доспеани долгови до крајот на јуни, соопштија европските челници.

„Не е постигнат никаков договор. Тоа е силен сигнал испратен до Грција сериозно да се вклучи во преговорите. Еврогрупата е подготвена за состанок кога и да е“, напиша на Twitter Валдис Домбровскис, потпретседател на Европската комисија задолжен за еврото.

Средбата која траеше речиси час и половина, еден европски извор близок на преговорите за AFP ја нарекол „трагична“. „Немаше дури ни барање за продолжување на програмата“ за финансиска помош која Атина ја користи од 2012 година, додал.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, најави дека разговорите за Грција се пренесуваат на највисоко политичко ниво и свика вонреден самит на шефовите на држави и влади на земјите од еврозоната за понеделник навечер во Брисел.

„Одлучив да свикам самит на еврозоната во понеделник 22-ри јуни во 19 часот. Време е за ситуацијата во Грција што поскоро да се разговара на највисоко политичко ниво“, изјави Туск по неуспешниот состанок на министрите за финансии од еврозоната и грчките доверители во Луксембург.

Грција до 30-ти јуни мора да врати 1,6 милијарди евра долг по четирите месечни рати од кредитот од Меѓународниот монетарен фонд, и дополнителни 6,7 милијарди евра треба да ѝ врати на Европската централна банка во јули и август, и нема да има доволно пари да ги запази таквите рокови, доколку не воведе нови кастрења, во прв ред на платите и пензиите.

Атина смета на исплатата на запрената транша од 7,2 милијарди евра од сегашниот втор пакет странска финансиска помош, од вкупната помош од 240 милијарди евра. Меѓутоа, нејзините доверители ја условуваат исплатата на оваа сума со програма на реформи за кој двете страни досега не успеаја да се договорат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП