Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд, Кирстин Лагард, предупреди во четвртокот дека Грција своите обврски мора да ги плати навреме и дека нема можност за одложување на исплатите.
Грција до крајот на јуни мара да му врати на ММФ 1,6 милијарди евра доспеани обврски, по четирите рати собрани во една, што нема да биде можно доколку не постигне договор со доверителите за програмата за реформи, а што е предуслов за деблокирање на поседната транша од актуелната меѓународна програма за финансиска помош во износ од 7,2 милијарди евра којашто е блокирана од минатиот август.
„Рокот за исплатата е 30-ти јуни. Нема можност за одложување на плаќањето, нема одложување за месец или два“, изјави Лагард на прес-конференцијата во Лускембург, пред почетокот на состанокот на министрите за финансии од еврозоната, на кој главна тема е Грција. Доколку Атина не ја исполни обврската до крајот на годината, тоа ќе значи неможност за плаќање и „се надевам дека тоа нема да се случи“, изјави Лагард.
Во погледот на една спорните точки од преговорите со Грција, прашањето на кастрењето на пензиите, Лагард демантираше грчките тврдења дека бара намалување на пензиите за најсиромашните, тврдејќи дека се бара одржлив пензиски систем.
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис кусо по пристигнувањето на состанокот во Луксембург дека ќе ги претстави „идеите на грчката владата за решение на состанокот на Еврогрупата“. Притоа се повика на неодамнешната изјава на претседателот на Европската централна банка, Марио Драги, кој рече дека „еврозоанта е успешна само кога секоја земја во еврозоната е успешна“.
Шефот на Еврогрупата, холандскиот министер за финансии Јероен Дијселблом, изрази песимизам во поглед на можноста од постигнување од договор на денешниот состанок. „Се надевам дека Грците ќе дојдат со предлози за да можеме да ги заклучиме преговорите, но јас сум ногу песимистичен“, реле Дијселблом.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави претходно во четвртокот во Бундестагот дека уште пости можност за договор под услов да постои политичка волја на грчката страна.