23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе зголемува сумата за проектот за енергетска сиромаштија

Се зголемува сумата за проектот за енергетска сиромаштија

POTROSNJA STRUJE PREMASILA 157 MILIONA KILOVAT SATI

Продолжува проектот за енергетска сиромаштија, со кој на околу 10.000 семејства им се плаќаше по 600 денари од сметките, но од јули годинава помошта се зголемува на 800 денари.

Правото на заштита од енергетска сиромаштија е воведено во 2010-та година и изнесуваше 600 денари, за две години подоцна, во 2012-та година, ова право се зголеми на 700 денари.

Премиерот Никола Груевски информираше дека Владата продолжува со овој значаен проект.

„Веќе сега од јули, со сметките што ќе се плаќаат во јули, ќе биде 800 денари. Планот е, според програмата на Владата, следната година да биде 900 денари, а од 2017-2018-та година да биде 1000 денари. Ние тоа што го воведовме во 2010-та година не само што го одржуваме континуирано, туку и постепено ги зголемуваме“, истакна Груевски.

Овој проект во 2015-та година ќе опфати до 10.000 корисници, а буџетот за проектот изнесува 81 милион денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП