18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот ослабна по седницата на Фед

Доларот ослабна по седницата на Фед

dolarcinja

Курсот на доларот ослабна во четвртокот кон кошничката валути на светските берзи, откако американската централна банка ги разочара инвеститорите кои посакуваа појасни сигнали за временската рамка во која ќе се спроведе зголемувањето на каматните стапки.

Во еден момент курсот на доларот кон еврото надмина 1,14 долари. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската кон шесте водечки светски валути, ослабна за 0,6 отсто на 93,722 длари, најниско ниво за месец дена, откако претседателката на Фед, Џенет Јелен истакна како зголемувањето на каматните стапки е во план и дека зависи од натамошното подобрување на состојбата на пазарот на труд.

Притоа курсот на доларот кон јенот ослабна 0,5 отсто, на 122,72 јени, што е осетно под вчерашните 124,465 јени.

За сличен процент американската валута се намали и кон европската, која зајакна и покрај неизвесноста окол Грција која не успева да постигне договор со кредиторите нужен за да биде одмрзната исплатата на преостанатата транша на кредит од актуелната програма на заеми. Еврото околу пладне беше во плус за 0,5 отсто, на 1,1411 долари, највисоко ниво за последниот месец.

Швајцарскиот франк благо зајакна откако швајцарската централна банка (SNB) извести дека ја задржа негативната каматна стапка 0,75 отсто и дека благо ја измени прогнозата за инфлацијата. Додаде дека исто така швајцарскиот франк е зачитело рпеценет и дека со тек на време би требало да ослабне.

Курсот на еврото незначително накратко ослабна кон франкот, а подоцна се труваше по 1,0450 франци, што значи дека остана речиси непроменет во споредба соз атвроањето од рпетходниот ден.

Курсот на доларот ослабна кон франкот за 0,5 отсто, на 0,9176 франци.

„SNB не презема нови потези, но неочекувано ја крена прогнозата за инфлацијата за ова и за наредната година. Некои очекуваа сигнали за склоност кон олабавување на монетарната политика, но тоа не се случи. Доколку неизвесноста околку Грција продолжи, очекуваме SNB да преземе натамошни мерки и да ги снижи каматните стапки“, рече Петр Крпата, валутен стратег во банката ING.

Фоксот на пазарот во текот на денот ќе се пренасочи кон состанокот на министртите за финансии на еврозоната, иако слаби се очекувањата дека ќе се помрднат од ртва тока преговорите на Грција со кредиторите и дека ќе се постигне договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП