9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски ученици патуваат во Берлин како победници на европскиот натпревар за најдобро...

Македонски ученици патуваат во Берлин како победници на европскиот натпревар за најдобро социјално претпријатие

tutu

Младите социјални претприемачи од тимот “Auxilium”  од Гимназијата “Никола Карев” од Скопје ја освоија наградата за најдобро социјално претпријатие на одржаниот online натпревар на 16.06.2015 година.

Тие ќе учествуваат на Европскиот натпревар на ученички компании кој ќе се одржи во Берлин од 28-30.07.2015 година каде ќе имаат можност да ја презентираат својата идеја. Нивниот концепт за социјално претпријатие е отворање на кантина во центарот на Скопје, која обезбедува топол оброк за бездомни лица 12 часа на ден и помош при нивно вработување.

Погледнете го нивното видео на https://www.youtube.com/watch?v=UR2Xf2xWVFg.

Победничкиот тим се натпреваруваше во конкуренција на 254 други  социјални претпријатија од 14 земји во Европа (Белгија, Бугарија, Данска, Италија, Македонија, Малта, Норвешка, Романија, Русија, Србија, Шпанија и Обединетото Кралство).

Член на жири комисијата од националниот натпревар кој се одржа во мај во Скопје од компанијата АрцелорМитал, Владимир Ванов изјави:

“Ми претставува големо задоволство кога младите ја презентираат својата инвентивност и капацитет за претприемништво, а уште повеќе кога во тоа е вклучена нивната хуманост и социјална грижа. “Auxilium  на најдобар начин прикажаа како идејата и грижата се сплотуваат во едно.”

Програмата за социјални претпријатија на Економско образование на млади менаџери- Junior Achievеment  ги поттикнува младите да размислуваат за водење бизнис како одговорен корпоративен член ан заедницата и го зголемува нивниот претприемачки потенцијал. Нивните идеи се канализираат во многу креативни и позитивни резултати благодарение на програми како оваа.

Мегународното жиро го сочинуваапретставници од компанијата Ферд, АрцелорМитал, член од Европскиот парламент,  Инџас, и член од Европскката комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП