4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВицепремиерот Пешевски во работна посета на РЕК Битола

Вицепремиерот Пешевски во работна посета на РЕК Битола

rek-bitola

Општините во Пелагонија ќе добијат топлификација. Станува збор за проект вреден меѓу 70 и 80 милиони евра за кој физибилити студијата е изработена, а во тек е тендерска постапка за проектирање.

За проектот „Тополификација на општините во Пелагонија“ беше информиран вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски за време на работната посета на РЕК Битола, во придружба на генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски и градоначалниците на Битола и Новаци Владимир Талески и Лазар Котевски.

– Станува збор за проект вреден меѓу 70 и 80 милиони евра, за кој физибилити студијата е изработена, во тек е тендерска постапка за проектирање и очекуваме од средината или крајот на следната година да се влезе во конкретна реализација на она што ќе биде видливо за граѓаните, а тоа е изградба на топловод од РЕК Битола до градот Битола, изјави Пешевски.

Со овој проект, како што посочи, се обезбедува мултифункционално користење на енергијата од РЕК Битола.

– Покрај производството на електрична енергија ќе има и производство на топлинска енергија со многу поголем коефициент на полезно дејство и при тоа ќе се добиваат над 200 мегавати топлинска енергија, истакна Пешевски и додаде дека освен за домовите на граѓаните, тополоводот ќе биде искористен и од земјоделците за производство на производи од оранжериски тип.

Новата компанија, што ќе врши производство и дистрибуција на топлинската енергија за пелагонискиот регион ќе вработи околу 100 лица.

Според градоначалникот Талевски, топлификацијата ќе биде во функција на сите граѓани, но и на општинските институции во Битола. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП