19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорибени водите на Вардар

Порибени водите на Вардар

ribi vardar 2323

Вкупно 5.000 парчиња македонска ендемична пастрмка (Salmo macedonikus- Karaman, 1924) беа пуштени денеска во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас.

Порибувањето беше извршено во организација на Град Скопје, ГЕФ (Глобален фонд за заштита на животната средина и природата), Институтот за сточарство-Одделението за рибарство и Македонската риболовна федерација.

Со Програмите за развој на туризмот и подобрување на условите за престој на туристите на градот Скопје предвидена е реализација на активноста – порибување на водите на реките Вардар и Треска и езерото Матка.

Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак. Доколку ова не се направи постои реална опасност засекогаш да се изгубат овие специфични видови риба, наше природно богатство и наш симбол.

Исто така, проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП