23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBundesbank: Опстанокот на еврото не зависи од Грција

Bundesbank: Опстанокот на еврото не зависи од Грција

bundesbank-feb

Еврозоната ќе преживее доколку Грција ја напушти, изјави во четвртокот гувернерот на германската централна банка Јенс Вајдман.

„Опстанокот на еврото не е поврзан со развојот на ситуацијата во Грција, иако одредени ефекти од прелевање на кризата не може да се исклучат поради природата на монетарната унија, која би била поинаква доколку дојде до таканаречен „грексит“, рече Вајдман во интервју за францускиот весник L’Eco.

Природата на монетарната унија исто така би можела да се промени доколку одделни држави не ги исполнат своите обврски во цел на одржување на стабилноста на валутата и доколку би ја претвориле монетарната унија во трансферна, за која нивното население никогаш не гласало“, рече гувернерот на Bundesbank, додавајќи дека постојат ефекти од прелевање на кризата и негативни последици кои не треба да се потценат, како и дека одговорноста за останокот на Грција во еврозоната ја сноси владата во Атина.

Преговорите на Грција и претставниците на ЕУ и ММФ завршија во Брисел без договор, а според наводите на портпаролот на Европската комисија и натаму постојат значителни разлики во ставовите на двете страни.

Постоечната програма на меѓународната помош за Грција истекува на 30 јуни, па денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во Луксембург се смета за последна шанса за постигнување на договор во врска со грчките реформи.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во пресрет на денешниот состанок на еврогрупата, дека е уверена дека е можен договор со Грција.

Сепак, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис наведува дека не очекува дека преговорите ќе резултираат со решавање на грчката должничка криза, а слично мислење изнесе и неговиот германски колега Волфгнаг Шојбле, кој рече дека се мали шансите за постигнување на договор во Лусембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП