5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрва банка за храна се отвора во Стокхолм

Прва банка за храна се отвора во Стокхолм

store333

„Социјален супермаркет“ ќе се отвори на есен во Стокхолм, главниот град на Шведска, со цел да им се направи достапна храната на сиромашните по ниски цени.

Новиот супермаркет ќе продава храна донирана од најголемите производители на храна во Шведска, како „Хмкоп“ и „Вилис“, а на проектот се приклучуваат и „Кока Кола“ – Шведска и „Нестле“ – Шведска и Винова.

Супермаркетот ќе содржи производи кои се близу истекот на рокот на траење, но сé уште може да се конзумираат безбедно или производи кои поради смена на брендот, на дизајнот, пакувањето или слично другите маркети нема да сакаат да ги примат.

Ова е идеја на хуманитарната мисија на градот Стокхолм, која, исто така, организира и зелен пазар, каде се продаваат свежи продукти по ниски цени, кои инаку би биле фрлени, што на годишно ниво се случува со 622.000 тони свежа храна.

„Долго размислувавме што да правиме со храната што ни се донира и како да ја поделиме на луѓето на кои им е потребна. Овој модел е многу успешен“, вели директорката на мисијата, Мариа Марковиц.

Ова ќе биде прв ваков супермаркет во Скандинавија.

Според шефицата на одделението за општествена одговорност на еден од најголемите синџири за храна во Шведска Аксфуд, Аса Домеј, намалувањето на количините храна кои се фрлаат е значајно и за заштита на околината и за одржливост на бизнисот. На тој начин, смета таа, дополнително ќе им се помогне и на оние кои не можат да си купат храна по пазарна цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП