19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: И натаму е можен договор со Грција

Меркел: И натаму е можен договор со Грција

german-chancellor-angela-merkel-at-eurozone-summit-in-brussels-512551197

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави во четвртокот дека е убедена дека договорот меѓу Грција и нејзините доверители „сé уште е можен“.

„Останувам убедена дека онаму каде што постои волја, договорот е можен. Доколку грчките функционери имаат волја, договорот е можен. Меѓутоа, за тоа Грција мора одлучно да ги спроведе структурните реформи кои им ги вети на партнерите“, изјави канцеларката Ангела Меркел пред пратениците во германскиот Бундестаг.

Земјата со години „без престан“ одбиваше да ги спроведе важните реформи во областа на економијата, особено на пазарот на трудот, додаде. Меркел вели дека „напорите на Германија и натаму се концентрирани на останувањето на Грција во еврозоната“. Таа последните седмици повеќепати телефонски разговарала или се состанувал со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Министрите за финансии на еврозоната во четвртокот во Луксембург се среќаваат за да се обидат да ги придвижат разговорите со Атина од мртвата точка и да го избегнат грчкиот банкрот, што би довело до излегување на земјата од еврозоната, па дури и од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП