4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ќе им помогне на Британците погодени од колапсот на Кипар

Велика Британија ќе им помогне на Британците погодени од колапсот на Кипар

britain

Британската влада ќе им помогне на Британците кои живеат и работат на Кипар, погодени со најновите мерки на кипарската Влада за стабилизција, по колапсот на домашните банки и економијата.

Во интервју за Би-Би-Си, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн рече дека со помошта на Владата во Лондон ќе бидат опфатени сите британски војници и офицери стационирани на Кипар, како и Британците кои постојано живеат на овој поделен, медитерански остров.

Ваквото решение на Велика Британија од владата на премиерот Дејвид Камерон, доаѓа по одлуката на кипарската влада да наметне екстра банкарски даноци, како дел од договорот што Кипар го направи со ЕУ за да се спречи банкрот на државата.

Кипарската Влада одлучи да воведе данок од 6,75 отсто за сите кои имаат до 100.000 евра во тамошните банки, а од 9,9 отсто за оние со заштеда поголема од 100.000.

Претседателот на Кипар Никос Анастасиадес, изјави дека сите владини мерки се болни, а договорот со ЕУ тежок, но дека тоа мораше да се направи за да се спречи хаотичен банкрот.

Според британскиот министер Озборн, сето тоа погаѓа многумина од британскиот воен состав на Кипар, како и дестина илјади други Британци, па владата во Лондон смета дека мора да им помогне во овие, за нив, тешки моменти.

Голем број Британци секој ден се во долги редови пред банките и пред банкоматите, за да ги повлечат своите пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП